ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Средните училишта во Тетово и Гостивар од 1 септември наставата ќе ја започнат „онлајн“

Средношколците во Тетово и Гостивар нема да ја започнат наставата со физичко присуство од 1 септември, туку „онлајн“. Одлуката важи за првите две недели од септември. Вака одлучи денеска Комисијата за заразни болести, по барање на кризните штабови во овие општини.

Advertisements

Кризниот штаб во Тетово побара и условување за вакцинација на наставниците, во спротивно тие треба да се тестираат секој втор ден. Но, според Филипче, за ова барање ќе се разговара на следната средба.

Претседателката на Кризниот штаб во Тетово повика на помасовна вакцинација на средношколците.

Од друга страна, здравствените власти велат дека состојбата со ковид 19 во Тетово останува загрижувачка.

„За жал, се уште имаме голем број на хоспитализирани, имаме 124 хоспитализирани пациенти, додека во последните 24 часа имавме 14 нови приеми, значи се уште има пациенти кои бараат хоспитализација. Што се однесува до бројот на починати, имаме шестмина кои починаа, што се уште претставува голема бројка“.

Според Нуредини, во болницата нема слободен кревет за пациенти болни од ковид 19. Според него, новите случаи ќе бидат упатени на скопската Клиника.

Bashkim Sulejmani

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button