Средношколски протест: „Сакаме на училиште, НЕ сакаме само настава онлајн!“


Alsat
31.08.2020 19:42
Стотина ученици попладнево излегоа на протест пред Министерството за образование и Владата, против одлуката наставата во новата учебна година да се одвива онлајн заради заштита од коронавирусот. За учениците тоа не е прифатливо и бараат комбинирана настава. Ако тоа власта не ги стори, тогаш ќе бојкотираат и протестираат.
„Владата смета дека е опасно да се отворат училиштата во време на пандемија, но за нив воопшто не е проблем што плажите се преполни, што кафулињата и рестораните се полни и не се почитува препорачаното растојание. Полни се и трговските центри, полни беа и плоштадите за време на изборната кампања…“
Според одлуката на Владата од 26 август, учебната година ќе почне на 1 октомври. Од Министерството за образование соопштија дека министерката Мила Царовска денеска имала одделни средби со средношколците и со Иницијативата на родителите коишто бараат отворање на училиштата. Таа посочила дека Владата нуди комбиниран модел за старт на учебната година и секаде каде што се исполнети условите, наставата ќе може да започне со физичко присуство во училиштата, независно од одделението и возраста на децата. Во објектите кои не се во можност да ги исполнат протоколите, учебната година ќе стартува онлајн за што се спрема единствена национална платформа.
Melihate Rustemi