ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Средношколците ја завршија учебната година

Средношколците ја завршија учебната година

Средношколците ја завршија учебната година. Тие велат дека тоа беше година полна со обврски околу лекциите и многу тешкотии поради недостатокот на книги. Како што рекоа учениците, недостасуваа книги по речиси сите предмети од стручна насока.

„Генерално немавме книги. Од повеќето предмети, немавме книги.
Дали направивте фотокопии?
Да, правевме фотокопии, кога професорите ни ги даваа, правевме фотокопии и ги следевме часовите. Да имаше книги, се разбира, ќе беше полесно, но немаме“, рече еден ученик.

„Бев правен техничар, учебната година не беше лесна како што мислевме, но некако успеавме. Најголеми потешкотии има кај стручните предмети, бидејќи имавме други предмети во основно. Правда, комуникација, професионалните предмети беа потешки. Имавме голем недостаток на книги..“, нагласи една ученичка.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button