ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Средношколците во Струга и Кичево во четврток почнуваат класична настава

Учениците од средните училишта во Струга и Кичево во четврток се враќаат во училишните клупи. Ден претходно, односно во среда, завршува препораката за настава преку Интернет за средните училишта од овие два града. Но, средношколците во Тетово и Гостивар ќе продолжат со настава „онлајн“ уште една недела. Инаку, денеска беа потврдени уште два случаја на ученици заразени со Ковид. Едниот во Велес, а другиот во Скопје. Од почетокот на школската година досега има 16 позитивни ученици, број што според властите, не остава простор за паника, бидејќи тие не се заразиле во училиште.