ВЕСТИРЕГИОН

Српската опозиција ги обвини Вучиќ и СНС за последниот инцидент во Косово

Дел од опозициските парламентарни партии во Србија го обвинија српскиот претседател Александар Вучиќ и неговата владејачка Српска напредна партија (СНС) за последниот инцидент во Косово, во кој загинаа еден косовски полицаец и тројца напаѓачи, јави регионалниот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ).

Advertisements

Претседателот на опозициското Национално движење на Србија (НПС), пратеникот Мирослав Алексиќ, изјави дека Вучиќ и потпретседателот на Српската листа, Милан Радоичиќ, се „најодговорни за крвопролевањето во Бањска“.

Коментирајќи го видеото кое го објави косовскиот министер за внатрешни работи Џелал Свечла, а на кое тврди дека се гледа потпретседателот на Српската листа во целосна воена опрема во манастирот Бањска, Алексиќ изјави дека политиката на Српската листа, Српската напредна партија и Александар Вучиќ кон Косово доживеала дебакл.

„По вооружениот конфликт во Бањска, во кој загинаа најмалку четири лица, Вучиќ ќе мора да поднесе оставка. Милан Радоичиќ не можел да вооружи неколку десетици Срби на северот на Косово без знаење и одобрение на Вучиќ и српските безбедносни служби. Тие двајца се најодговорни за пролеаната крв во Бањска“, рече Алексиќ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button