ВЕСТИРЕГИОН

Српската опозиција повторно ја блокираше зградата на судот во Нови Сад

Српските опозициски пратеници и градските советници утрово повторно ја блокираа зградата на судот и обвинителството во Нови Сад, а скалите на судот се оградени. Според пишувањата на медиумите присутни се и голем број припадници на жандармеријата и полицијата.

Advertisements

Опозициските политичари изутринава ги заклучиле оградите пред зградата на судот со катанец и го спречиле понатамошниот премин на вработените. Како што објави Бета, тие ја заклучиле и оградата што води до задниот двор на зградата, каде што има десетици полицајци во опрема за разбивање демонстрации.

Пратеникот на Демократската партија (ДС) Срѓан Миливојевиќ ги праша членовите на жандармеријата дали нивната заклетва вели дека ќе претепаат 74-годишници и ќе ги „осакатуваат“.

Ова беше алузија на претепувањето на Илија Костиќ (74), кој беше осомничен дека употребил бибер спреј против полицајците на еден од протестите, а потоа, како што подоцна изјави, бил претепан во полициска станица, поради што бил опериран и еден од тестисите му бил ампутиран.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button