
Народната банка одлучи да го вклучи српскиот динар на својата курсна листа. Одлуката ќе почне да се применува од Курсната листа формирана на 1 ноември 2022 година.
Со вклучувањето на српскиот динар во листата на валути кои може да се купуваат и продаваат на девизниот пазар се отвораат можности за поедноставување на економската соработка и се дава поттик на економските субјекти во интензивирање на трговските и финансиските текови меѓу двете земји, имајќи предвид дека Србија е еден од позначајните трговски партнери на нашата држава.