
Претседателот на Србија Александар Вучиќ ќе учествува во денешната работа на Собранието на Србија на чиј дневен ред е прашањето за Косово. Вучиќ изјави дека негова должност е да го почитува српскиот парламент и дека на денешната седницата за Косово ќе одговори на сите пратенички прашања. Во видео-обраќање на Инстаграм, Вучиќ рече дека кога Србија станала свесна за француско-германската иницијатива за прашањето за Косово, ги повикал парламентарните партии на консултации за да им ги покаже сите факти и заеднички да се обидат да го решат проблемот.