ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

ССК: Енергетско цунами на економијата ако државата не интервенира

На стопанството му е потребно евтина струја за да може да функционира. Доколку не се изнајде итно решение бизнисот ќе го снајде вистинско цунами. Не само што стравувањата на бизнисмените се големи, туку велат дека не гледаат никаква алтернатива ако моменталните состојби не се променат. За местење на фотоволтаици се потребни огромни бирократски процедури и тоа мора да се промени, велат од ССК. Дополнително од Владата побараа ЕСМ да произведува струја за потребите на приватниот сектор по цени слични како за домаќинствата.

Advertisements

„Да се укине ДДВ-то за фотоволтаици, инвертори и останата опрема за нивна монтажа. Ова веќе се применува во некои европски земји. Да се воведе дополнителен данок на енергетски неефикасните греалки, и на тој начин да се дестимулира продажбата и купувањето на ваквите греалки“, рече Трајан Ангеловски претседател на ССК.

Дел од мерките кои ги побараа од ССК велат дека ги имало во поголем дел од дел од државите од опкружувањето. Тоа според нив значи дека компаниите од тие земји од старт се поконкурентни, а производите кои ги извезуваат се со пониска цена и со поголема можност за продажба во странство, за разлика од тие производи што се произведуваат во Македонија.

„Во моментот српската економија, српските компании мегават час електрична енергија го плаќаат 75 евра, додека во Босна мегават час електрична енергија од државната компанија која произведува електрична енергија е 66 евра. Доколку нашето Електростопанство произведува струја треба да ја продава по многу пониска цена на компаниите“, рече Орце Симов, потпретседател на ССК.

Од владата засега нема конкретен став што ќе биде прифатено од барањата на бизнис секторот за пребродување на енергетската криза. Денеска цената на струјата на берзите надмина 700 евра за мегават час. Позитивни сигнали засега нема дека цената на струјата во брзо време драстично ќе се намалила, а со тоа и би се намалил и проблемот за фирмите и домаќинствата.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button