ЕКОНОМИЈА
ССК: Последниве 30 години компаниите постојано преживуваат некакви кризи

Претседателот на Сојузот на стопански комори, Трајан Ангеловски, во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат рече дека во последниве 30 години, македонските компании се под постојан удар на некакви кризи и проблеми и работат во режим на преживување.
„Со оглед на сите состојби кои ни се случуваат во последниве 30-тина години, можам да кажам дека македонските компании, ако на нешто се научија тоа е да бидат мајстори за преживување во кризни ситуации. Сите кризи кои нѝ зафаќаа, дали војни, дали здравствени или енергетски кризи, ембарга и тн. нѐ учеа како на најбрз начин да го преживееме тој временски период“, рече Ангеловски.