ВЕСТИЕКОНОМИЈА

ССК се противат на зголемување на минималната плата

Растот на минималната плата треба да се зголемува заедно со растот на економијата а не со политичка одлука да се зголемува минималецот за кои повеќето компании ќе не можат да го исплаќаат. Од Сојузот на стопански комори велат дека најавеното зголемување на минималната плата на 18 илјади денари негативно ќе влијае врз малите и средни компании во земјава. Зголемување на бројот на невработени, исплата на плата во плик и затворање на бизниси се дел од ефектите кои ќе ги предивика зголемувањето на минималецот.

Advertisements

„Како претставници на над 20 илјади компании се чувствуваме одговорни да ја предупредиме јавноста за негативните ефекти од едно вакво политичко зголемување на минималната плата, што ќе предивика дестабилизација на и онака нефункционалниот пазар на труд. Од низата негативни ефекти кои ќе ги предизвика веројатно најголемо ќе биде влијанието врз стапката на продуктивноста“, рече Благој Грозданов- Сојуз на стопански комори.

Според ССК доколку се случи зголемување на минималецот, тогаш властите да размислуваат да ги намалат стапките на даноци кои ги плаќаат работодавачите за да се олесни товарот на компаниите.

„Ако Владата е искрена во своите намери да помогне на бизнисот и на граѓаните тогаш треба да спроведе мерка со која што ќе се намалат стапките на придонеси кои кај нас се на екстремно ниво. Кај нас ефективната стапка на придонеси и данокот на личен доход на бруто плата изнесува 33 проценти, додека за споредба во Германија изнесува 27 проценти , Бугарија 19 проценти, Словенија 18 проценти, Хрватска 17 проценти“, рече Александра Андреева- Сојуз на стопански комори.

Барањето за зголемување на минималната плата на 18 илјади денари го иницираа синдикатите во земјава, поради како што велат зголемените трошоци за живот предизвикани од економската криза. Властите најавија дека се започнати преговиори со синдикатите и зголемувањето би можело да се случи по Нова година. Во моментов во земјава минималната плата изнесува 15.200 денари.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button