ССМ го оцени за несериозен и неодржлив на долг рок предлогот за пензионирање на 67 години

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) го оцени за сериозно загрижувачки предлогот на Финансискиот совет за зголемување на границата за остварување на правото за старосна пензија на 67 години. Без волјата и потребата на работниците, оценуваат од ССМ, нивниот работен век не може да се продолжува и да се одложува заслуженото пензионирање како покритие за лошите политики долг период наназад.
Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, во изјава за МИА го оцени предлогот на Фискалниот совет за несеиозен и рече дека ваквите избрзани мерки се неодржливи на долг рок.
„Доколку членовите на Фискалниот совет сакаат да помогнат во крпење на буџетот во Фондот за пензиско, можеби треба да почнат да плаќаат придонеси од задолжително социјално осигурување за сите нивни приходи што ќе претставува пример и за останатите кој треба да се следи!“, вели Трендафилов во изјавата за МИА.