ССМ и бизнисот се сложуваат државата да ги субвенционира придонесите за да растaт платите

И од ССМ и од бизнисот се сложуваат придонесите за раст на минималната, но и на другите примања да ги субвенционира државата. Двете страни се со сличен предлог околу ова прашање. Но, останува да се види дали ќе успеат да ја убедат Владата за да може да ги качат платите. Од организацијата на работодавачи велат дека и во минатото имало Закон за стимулирање на повисоки плати и дека би било добро повторно да се воведе.
Тоа значи дека минималната плата да биде 24 400 денари ама ако работодавецот одлучи да исплати 30.000 за таа разлика да не плаќа придонеси. Тоа е голем стимул за работодавачите да не се плаќаат придонеси, вели за Телма, Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи.
Предлогот од ССМ пак е минималецот да се качи на 30. 500 денари, а за разликата од 6.000 денари, од законскиот износ кој треба да изнесува 24. 400 денари, работодавачите да бидат ослободени од повисоки придонеси 12 месеци. Но , не само за минималната туку и за другите плати.
Сепак, од бизнисот велат дека сега за ова треба да пресече Владата, од каде барем до сега не се изјасниле дека поддржуваат субвенционирани придонеси.
Извор: Телма