ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ССМ: Митовски е осуден на затворска казна

Сојузот на синдикати на Македонија бара од ВД директорот на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“, Маријанчо Митовски да поднесе оставка. Според ССМ, Митовски законски не смее да извршува јавна функција бидејќи против него има пресуда за кривично дело напад со нож. Претседателот на Сојузот, Дарко Димовски додаде дека за ова дело на директорот има и судска одлука за задржување на затворската казна од 20 дена.

Advertisements

Првиот човек на Сојузот на синдикати, Дарко Димовски додаде дека пресудата за директорот Митовски ќе ја достави и до градоначалничката Данела Арсовска како и до Советот на Град Скопје со цел доколку директорот сам не поднесе оставка, тогаш тој да биде разрешен. Тој додаде дека доколку не се преземат мерки против него, тогаш вработените ќе штрајкуваат.

Во разговор, в.д директорот Маријанчо Митовски рече дека нема да даде изјава за пријавата против него, но додаде дека останува на ставот – тој не одлежал затворска казна и нема пресуда против него.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button