ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

ССМ со европските синдикати подготвува меѓународна тужба против Македонија

Синдикалниот лидер Дарко Димовски денеска во Белград заедно со европските синдикати ја составуваат тужбата која ќе биде доставена до меѓународните судови и институции. Според информациите до кои дојде Алсат, европските синдикални организации ќе дадат поддршка на ССМ и со заеднички сили ќе се обидат да ја исправат, како што велат, неправдата кон вработените во јавниот сектор во Македонија. А, во Скопје, министерот за правда Никола Тупанчевски изјави денеска дека засега не знае како ќе постапи Владата и на кој начин ќе ги премисли синдикалците да поднесат колективна тужба против државата.

Advertisements

„Дефинитивно медијацијата како прелиминарен облик на разговор којшто навистина е и најевтин и дава резултати пред да сè стигне до формално-правно исполнување на правата“, рече Тупанчевски.

Но, синдикалците вчера соопштија дека нови договарања и преговарања со властите нема да има. Тие се убедени дека ако нивните права не ги заштитат домашните судови, тогаш тоа ќе го сторат меѓународните и оти секој од вработените во јавниот сектор, кој не добил зголемување од 2.806 денари по растот на минималецот, ќе може да ја тужи државата.

„Свесно се носи државата во судски и адвокатски трошоци, а ние тие пари ќе ги земеме, како во минатото, со огромни камати и ќе ги земеме парите на куп. Значи некој свесно ја оштетува државата, не почитувајќи го Законот за минимална плата“, рече Дарко Димовски претседател на ССМ.

Во знак на револт, раководството на ССМ со денови протестираше во Скопје блокирајќи ги главните булевари и државни институции. Синдикалците поднесоа и амандман за ребалансот на буџетот, но пратениците од владејачкото мнозинство не го прифатија.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button