ВЕСТИЕКОНОМИЈА

ССМ во недела најавува протест пред Собранието и Стопанската комора

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) во недела ќе излезе на протест пред Собранието и пред Стопанската комора на Северна Македонија изразувајќи незадоволство од неизгласувањето на законското решение со кое недела се прогласува за неработен ден и со барање минималната плата да изнесува 60 проценти од просечната плата, а со тоа и спирално зголемување на сите останати плати согласно колективните договори.

Advertisements

Претседателот на ССМ Дарко Димовски во изјава за МИА вели дека со неизгласувањето на законот за недела неработен ден, кој требаше да почне од 1 октомври, 92 проценти од работниците не одмараат во недела, а осум проценти од работниците кои работат во дејности каде не може да прекине работниот процес, не земаат 50 проценти поголема дневница за работа во недела.

– Револтирани сме од односот на пратениците. Законот недела да биде неработен ден, кој требаше да важи од 1 октомври, не е изгласан. Со тоа, 92 проценти од работниците не одмараат во недела, а осум проценти кои работат во дејности каде процесот не може да прекине, не може да земат 50 проценти зголемена дневница. Работниците во моловите кои треба да работат само од 10 до 18 часот, не земаат дневница зголемена за 100 проценти. Исто така, по основ на данок за работа во недела, во Буџетот на РСМ не се влеваат даночни средства во износ од три проценти со кои треба да се изградат нови градинки за нашите деца, посочува Димовски.

Барањето за минималната плата и спиралното зголемување на останатите плати, ССМ го темели на најавите за пораст на цената на струјата од јануари и на зголемените цени на прехранбените производи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button