Стабилен бројот на приеми во болниците и ковид-центрите, вкупно се лекуваат 766 позитивни и суспектни на Ковид–19

Во земјава вчера беа регистрирани нови 556 случаи на Ковид 19 и заклучно со вчерашниот ден вкупниот бројот на активни случаи изнесува 16372. Во болниците низ земјава и на инфективните одделенија во Скопје се лекуваат 766 пацинети позитивни и суспектни на коронавирусот, а во текот на вчерашниот ден во ковид-центрите во Скопје биле хоспитализирани нови 34 пациенти. Од Министерството за здравство оценуваат дека бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и наведуваат дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород и дека има околу 450 празни болнички кревети во ковид-центрите.
Вчера се направени вкупно 2953 тестирања, а од регистрираните 556 нови случаи на ковид-19 во Скопје се 270, Куманово-24, Штип-17, Прилеп-17, Тетово-17, Струга-6, Велес-23, Битола-10, Охрид-12, Кавадарци-21, Гостивар-17, Гевгелија-6, Струмица-22, Крива Паланка-13, Радовиш-10, Кочани-14, Пробиштип-1, Македонски Брод-4, Пехчево-6, Берово-12, Валандово-1, Виница-2, Делчево-4, Кратово-5, Свети Николе-3, Кичево-12, Ресен-1 и Неготино-6.