ВЕСТИЗДРАВСТВО

Стабилна состојбата на пациентката заболена од хеморагична треска

Пациентката заболена од конго-кримска хеморагична треска е во стабилна состојба. Лекарите внимателно ги следат сите параметри и се надеваат дека нејзината состојба нема да се влоши во наредните денови. Докторката Добринка Наунова Јовановска вели дека инфекцијата можеби настанала во моментот кога сестрата ги извадила ракавиците, маската и другата заштитна опрема.

Advertisements

На листата на лица кои ќе бидат под 14-дневен надзор се додаваат уште 11 лица, 10 членови на семејството на медицинската сестра и една нејзина колешка. Сегашнaта пациентка покажа симптоми на деветтиот ден по контактот со девојката од Штип која беше заразена и почина.

Портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Ибрахимовиќ, потенцира дека не треба да има паника бидејќи не се очекуваат нови случаи од оваа болест. Лекарите ги повикуваат граѓаните да не излегуваат во природа без соодветна облека, бидејќи болеста се развива по каснување од крлеж.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button