ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Стадионот во Тетово наскоро ќе добие градежна дозвола од општината

Стадионот во Тетово наскоро ќе добие градежна дозвола од општината

Стадионот во Тетово наскоро ќе добие градежна дозвола од општината. Извори од општината велат дека Советот на општината, кој е повикан да даде дозвола за изградба на градскиот стадион, се очекува во наредните денови да одржи вонредна седница по ова прашање. Иако се уште нема дозвола од општината, работите на овој спортски објект не се стопирани, велат од општина Тетово.

Advertisements

„Работите на градскиот стадион продолжуваат регуларно. Во моментов се прави тампонирање на темелите како важен чекор за темелите. Дозволата за градскиот стадион е во процедура. Советот на општината треба да донесе одлука за ослободување од плаќање на општинската такса, а во моментот кога ќе биде донесена одлуката на советот како последен чекор, дозволата автоматски ќе се даде, по што ќе бидат назначени надзорниците за работа и ќе започне фазата на изградба“, рече Бесарта Рамадани, портпаролка на општина Тетово.

Покрај изградбата на главниот стадион, првиот човек на општината Билал Касами најави дека со средствата што ќе ги додели Владата ќе се средува и стадионот кај спортскиот центар во Тетово.

„Со министерот за спорт разговаравме за дополнителни инвестиции што ќе се направат во општина Тетово. Разговаравме за можноста на едно од спортските терени во спортскиот центар да биде интервенирано од Министерството за спорт, а оваа недела ќе се формираат работните групи кои ќе прецизираат што е предвидено како можност дадена од Министерството за санација на теренот за вештачка трева. Во секој случај ќе продолжиме со работите за поправка на стадионот и дополнителните терени кај Спортскиот центар и во село Сараќино“, рече Билал Касами- градоначалник на општина Тетово.

Проектот за градски стадион се реализира со сопствени средства на општина Тетово, а ќе достигне вредност од околу 600 милиони денари или 9,7 милиони евра. Тендерот беше затворен во декември минатата година, додека изградбата на новиот градски стадион се очекува да заврши во рок од 36 месеци./Алсат.мк

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button