ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Стагнира бројот на вакцинирани со прва и втора доза вакцина против Ковид-19

 Во општина Кичево околу девет месеци трае вакцинацијата на граѓаните против Ковид-19. Од почетокот на вакцинација до денеска, граѓаните се вакцинираа со прва и втора доза, додека третата доза почна да се практикува кон средината на есента. Во овој период 14518 граѓани ја примиле првата доза, втора доза примиле13952  лица, а трета 3294 лица.

Advertisements

-Од почетокот на вакцинација до денеска во Здравствениот дом Кичево најголем број граѓани се вакцинирани со прва и втора доза со вакцината на кинескиот производител „Синовак“.  Од почетокот на вакцинацијата до денеска прва доза од кинеската вакцина примиле 8 000 граѓани, додека втората доза ја примиле 6 424 лица. Помал е бројот на лицата кои ја примиле вакцината на британската „Астра Зенека“. Во истиот период 1 542 пациенти ја примиле првата доза од оваа вакцина, а 1 631 ја примиле втората доза од оваа вакцина. Иако последна беше воведена во кичевското здравство, вакцината на „Фајзер“ бележи најголем пораст и првата доза од оваа вакцина ја примиле 4 976 лица, втората доза ја примиле 4 591 граѓани, а третата доза ја примиле 3 294 лица, нагласи Мира Мојсоска, одговорна сестра во Здравствениот дом во Кичево.

Таа напомена дека покрај вакцините од трите компании во еден период граѓаните на Кичево се вакцинирале и со втората доза вакцина „Синофарм“.

-Покрај вакцините на „ Астра Зенека“,„Синовак“ и„ Фајзер“ во Здравствениот дом во Кичево во периодот мај и јуни дел од граѓаните беа вакцинирани и со вакцините од кинескиот производител „Синофарм“. Првата доза од оваа вакцина ја примиле 1390 граѓани, а со втора доза беа вакцинирани 1 306 граѓани, додаде Мојсоска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button