ВЕСТИРЕГИОН

Стано: Приоритет на Косово треба да биде дијалогот со Србија

Европската унија смета дека новите косовски институции треба да ја искористат можноста која таа им ја нуди со посредувањето во дијалогот со Србија, за да се дојде до успешен договор за помирување меѓу двете држави, порача портпаролот на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Петер Стано.

Advertisements

Стано за телевизијата Клан Косова изјавил дека приоритетите кои ги определил премиерот Албин Курти се многу значајни за Косово на внатрешен план, но дијалогот со Белград треба да биде главниот приоритет на косовската надворешна политика.

„Внатрешните приоритети на Курти се многу значајни. Меѓутоа, во исто време, дијалогот е најбитниот приоритет на надворешната политика на Косово и не треба да се гледа како одвоен или како нешто што не е во согласност со другите приоритети кои ги спомeна премиерот“, изјави Стано.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button