ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Стано: За следните чекори во ЕУ процесот со Северна Македонија ќе одлучат земјите членки

На денешниот редовен брифинг за новинари, портпаролот за надворешни работи, Петер Стано, рече дека за следните чекори во ЕУ процесот со Северна Македонија ќе одлучат земјите членки, јави дописничката на МИА од Брисел.

Advertisements

Портпаролот потсети на изјавата на претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, вчера дека „Северна Македонија заслужува да оди напред“ и да напредува најбрзо што е можно.

-Но одредувањето на следниот чекор им припаѓа на земјите членки, рече Стано.

Северна Македонија доби условено отворање на преговарачките поглавја и првата меѓувладина конференција, условот е промената на Уставот и вметнувањето на Бугарите во него. Во меѓувреме земјата доби „политичка“ меѓувладина конференција, а треба и да заврши со процесот на скрининг пред да ги отвори поглавјата и кластери од преговарачкиот процес.

Што се однесува до договорот со Фронтекс потпишан вчера во Скопје, портпаролката за внатрешни работи, Анита Хопер, денеска објасни дека ова ќе овозможи да се распоредат тимови на оваа ЕУ агенција, чија цел е да ги набљудува надворешните граници на Унијата.

Со распределувањето на Фронтекс на македонските граници ЕУ ќе соработува со македонската полиција во управувањето на граници, ќе може да се занимава со регистрација, проверки на границата, заеднички операции за борба против шверц и организиран криминал и да разменува информации со Северна Македонија.

Двете страни треба да изработат операциски план специфичен за Северна Македонија со кој ќе се одговори на потребите на земјата и на ЕУ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button