Стапката на инфлација до крајот на годината може да достигне и до 5 проценти

Стапката на инфлација до крајот на годината може да достигне и до 5 проценти, со оглед на цените на мало предупредува академик Абдулменов Беџети во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Мерките треба внимателно да се креираат за граѓаните да не го почуствуваатво голема мера поскапувањето. На почеток треба да размислува за промена на моделот за субвенции во земјоделството, бидејќи се даваат 130 милиони евра годишно а резулатите во производствот не се на посакуваното ниво.
„ Можеби годината ќе заврши до 4,5-5 отсто инфлација, според индексот на цените на мало, и мислам дека тоа веќе е сериозен сигнал дека тука треба да се оди многу внимателно, да се дизајнираат политиките, затоа што тоа удира директно на таа потрошувачка кошничка, која доминантно е од прехранбени производи, а тоа не е нешто нестандардно кај земјите во развој. Обично прехранбените производи во таа кошничка учествуваат доста значајно, до 40 отсто. Тоа секако може да ги погоди основните прехранбени производи почнувајќи од жито, леб, млеко, масло и другите прехранбени производ “
Во голема мера енергетската криза е предизвикана од зголемената побарувачка на електрична енергија, а понудата е ниска. НБРМ има механизими како навремено да интервенира за да може да ја задржи стапката на инфлација од 2.7 проценти вели академик Таки Фити.
„Зголеманата побарувачка ги покачува цените на сите енрегенси тоа е една работа, и второ се повеќе на зелена енергија има нови технологии на зелена енергија но тие се скапи, значи се намалува производството на енергија од јаглен заради спречување на еколошките загадувања и тоа ја покачува цената и тоа во голема мера е резултат на тоа што се случува во светската економија. Лично мислам дека нашата Централната банка имаат солидни механизми да може да ја држаат инфлацијата на целта од 2,7 проценти. “
Дел од земјите во светот веќе почнаа да чуствуваат удари од енергетската криза. Либан втор ден е без електична енергија поради недостиг на гориво во електраните, Кина почна со рестикции на електична енергија за домаќинствата, недостиг од струја веќе се заканува на Индија и Њу делхи. Во текот на следната недела ЕУ ќе го соопши планот за спас од оваа криза.Најлошите сценарија се дека оваа зима поради недостиг на електична енергија на најмалку три милиони жители од Европа ќе останат без греење.
Andrea Cobanova