ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Стапката на малолетничка бременост во Македонија, меѓу највисоките во Европа

Стапката на малолетничка бременост во Македонија, меѓу највисоките во Европа

Стапката на малолетничка бременост во Македонија, е меѓу највисоките во Европа, 15,7 раѓања на 1.000 случаи, што е трипати повисока од просекот од 6 на 1.000 раѓања во земјите на ЕУ. Податоците на организацијата „ХЕРА“ покажуваат дека најголем број малолетни мајки се Ромки. Меѓу главните причини за тоа е несоодветниот пристап до информации за репродуктивното здравје.
Најмладата пациентка која абортирала имала 13 години, а уште стотина друи малолетници абортираат секоја година . Дел од нив тоа го прават во небезбедни и нехигиенски средини, што е ризик за нивното здравје.

Advertisements

Докторката Јадранка Георгиевска вели дека мора да се работи на спречување на овие случаи.
Јадранка Георгиевска, гинеколог

Според гинеколозите, непланирана бременост кај малолетниците може да има долготрајни последици врз нивното физичко и психичко здравје. Овој феномен главно се шири во економски неразвиените земји.

Активистката Елена Савеска за АЛСАТ изјави дека, младите девојки освен што не сакаат да бараат информации за нивното репродуктивно здравје, тешко наоѓаат и соодветни медицински услуги.

Вклучувањето на сеопфатното сексуално образование како посебен предмет во формалното образование започна како пилот проект, но конкретни планови за редовна имплементација во образованиот процец, нема./Alsat.mk

Ардит Рамадани

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button