СВЕТ
Стармер пристигнува во Вашингтон на средба со Трамп

Британскиот премиер Кир Стармер денеска пристигна во Вашингтон каде ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, јави Sky News.
Зборувајќи со новинарите пред неговиот состанок со Трамп во Белата куќа, Стармер рече дека Велика Британија сака да „работи во чекор“ со Трамп за Украина.
На новинарско прашање дали може да му верува на Трамп во светло на она што се случи во последните недели, тој одговори потврдно.