СВЕТ
Стармер разговараше со лидерите на САД, Италија, Франција и Германија за Украина

Британскиот премиер Кир Стармер разговараше за војната во Украина со лидерите на САД, Италија, Франција и Германија, изјави портпарол на Даунинг стрит.
Лидерите, исто така, разговараа за усвојување санкции доколку Русија сериозно не се вклучи во преговорите за прекин на огнот и мирот, додаде портпаролот, пренесува Ројтерс.
Тие, исто така, разговараа за потребата од безусловно примирје и рускиот претседател Владимир Путин сериозно да ги сфати мировните преговори, изјави портпаролот на Даунинг стрит.