
По дводневна пауза продолжуваат возбудувањата на првото Светско клупско фудбалско првенство. Осум екипи останаа кои ќе се борат за шампионскиот трофеј.
На ред е четврфиналната рунда во кој има пет европски, две екипи од Бразил и една од Саудиска Арабија. Но уште вечерва ќе остане една не европска помалку.
Имено оваа фаза ја отвораат бразилскиот Флуминенсе и Ал Хилал од Саудиска Арабија. Двата тима направија големи изненадувања во осминафиналето елиминирајќи ги италијанскиот гигант Интер и англискиот Манчестер Сити. Двата тима сега имаат поголеми амбиции, а не само полуфинале, туку и атак на трофејот. Сепак, само за една од нив ќе има место во четирите најдобри.
Дуелот меѓу Флуминенсе и Ал Хилал што ќе се игра вечерва во Орландо ќе почне од 21 часот. Победникот од овој натпревар неколку часа подоцна ќе го дознае и противникот за полуфиналето. Тоа откако лондонски Челзи и бразилскиот Флуминенсе ќе го одиграат својот меч од четвртфиналето. Тој дуел ќе се игра во Филадевфија, а ќе почне во 3 часот по полноќ.
Во истите термини, утре и задутре, ќе се играат и преостанатите два четвртфинални дуели, кои ќе го дадат вториот пар за полуфиналето.
1/4 ФИНАЛЕ
Петок 5 јули
21.00 ФЛУМИНЕНСЕ – АЛ ХИЛАЛ
Сабота 5 јули
03.00 ЧЕЛЗИ – ПАЛМЕИРАС
18.00 ПСЖ – БАЕРН МИНХЕН
22.00 РЕАЛ МАДРИД – БОРУСИЈА ДОРТМУНД
1/2 ФИНАЛЕ
Вторник 8 јули
21.00 Флуминенсе / Ал Хилал – Челзи / Палмеирас
Среда 9 јули
21.00 ПСЖ / Баерн Минхен – Реал Мадрид / Борусија Дортмунд
Извор: Sport Plus