РАКОМЕТФУДБАЛ

Стартува Европското Првенство, утре Македонија против Франција

Денес со натпреварите од првото коло во групите А и Б се крева завесата на новото женско Европско првенство. Во следните нешто повеќе од две седмици, Македонија, Црна Гора и Словенија ќе бидат центарот на ракометниот фокус на „стариот континент“.

Во исчекување на утрешниот дуел на Македонија, денес стартуваат возбудувањата во Целје и Љубљана. Први на ракометниот терен ќе истрчаат селекциите на Унгарија и Швајцарија во „Стожице“, додека во истиот термин во 18:00 часот во „Златорог Арена“ ќе се судрат Данска и Словенија. Домаќинките во Целје ќе се обидат да ја шокираат фаворизираната Данска, а Унгарките ќе се судрат со дебитантот од Швајцарија. Во вечерниот термин следуваат скандинавско-балкански дуели во групата Б. Бранителот на еврвопскиот трон Норвешка ќе се судри со Хрватска во Љубљана, додека Шведска оди на мегдан со Србија во Целје.

Средби на првиот натпреварувачки ден

Група А (Љубљана)

Унгарија – Швајцарија (18:00 часот)

Норвешка – Хрватска (20:30 часот)

Група Б (Целје)

Данска – Словенија (18:00 часот)

Шведска – Србија (20:30 часот)

Натпреварувањето продолжува утре, во воведниот термин селекцијата на Македонија ќе се судри со големиот фаворит Франција, а во тој термин играат и Црна Гора со Шпанија. Вечерта во СЦ „Борис Трајковски“ е закажан мечот меѓу Холандија и Романија, додека во Подгорица играат Полска со Германија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button