КОШАРКАСПОРТ

Стартува финалето од кошаркарскиот плејоф, МЗТ СКопје – ТФТ

Вечерва во салата „Јане Сандански“ почнува финалната серија од кошаркарскиот плејоф во кое се среќаваат МЗТ Скопје и ТФТ. Во основниот дел од сезоната, екипите одиграа два меѓусебни дуела и на секој од нив, како домаќин, славеше по една од нив.

Advertisements

Интересно е тоа што и МЗТ Скопје и ТФТ до финалето стигнаа без ниеден загубен натпревар. Актуелниот шампион со по 3-0 ги елиминира Феникс и МКК Куманово, додека тимот од Тафталиџе истото го направи со Чаир и Работнички.

МЗТ Скопје ќе се бори за својот 12. шампионски трофеј во историјата, додека ТФТ ќе се обиде да го крене првиот шампионски пехар и да влезе во друштвото на Работнички, МЗТ Скопје, Тиквеш (како Фени Индустри), Николферт и Струмица. Домаќин на првите два натпревара е МЗТ Скопје, потоа (евентуално) два се играат на теренот на ТФТ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button