ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Стартува со работа Македонската берза на електрична енергија

Македонската берза на електрична енергија денеска официјално стартува со работа. Со домашната берза раководи Националниот оператор на пазарот за електрична енергија, МЕМО. Проектот е работен над пет години, а официјално заживеа по измените на Законот за енергетика во 2018 година, со што формално беше либерализиран и пазарот на електрична енергија, а законодавството во оваа сфера беше прилагодено на европското.

Како што изјавиле за МИА од МЕМО, 22 компании досега склучиле договори, а 20 од нив ќе имаат можност денеска да тргуваат со електрична енергија на берзата. Тоа се компаниите: СЕНТРАДЕ, ДУФЕРЦО МК, AOT МАКЕДОНИЈА, ЕЛНОР, ЕСМ ПРОДАЖБА, ГЕН-И, ТЕ-ТО АД Скопје, ИНТЕРЕНЕРГО, РЕС, МАКСТИЛ, ЕФТ, АД МЕПСО, ЕНЕРЏИ АКТИВЕ, ЕВН снабдување, ЕВН електрани, ОКТА, УНИВЕРСАЛ ЕНЕРЏИ, ЕДС, ЕТМТ ЕНЕРЏИ и АД ЕСМ. Интерес пројавиле и други компании, а со нив ќе се разговара во претстојниот период.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button