СПОРТ

Ставре Јада, обезбеди квота за настап на ЗОИ 2026 во Милано

Како наш претставник на FIS Светското првенство во нордиско скијање, кое се одржува од 26 февруари до 9 март во Трондхејм, Норвешка, Ставре Јада успеа да обезбеди квота за Зимските Олимписки Игри 2026 во Милано.

Advertisements

Во исклучително силна конкуренција на светската елита, Јада ги извозе квалификациските трки со огромна борбеност и желба за успех.

„Како наш претставник на FIS Светското првенство во нордиско скијање, кое се одржува од 26 февруари до 9 март во Трондхејм, Норвешка, Ставре Јада успеа да обезбеди квота за Зимските Олимписки Игри 2026 во Милано – натпреварот од соништата на секој спортист“, велат од Скијачката федерација на Македонија.

На 27 февруари, на квалификациската трка, го зазеде 126-то место од 182 натпреварувачи, додека на 10 км класичен стил се пласираше на 107-то место. Вчера, во тимскиот спринт на 1.3 км, забележа одличен настап и се најде на 41-то место.

Тој е нашиот прв скијач кој обезбеди пласман на ЗОИ во Милано.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button