Александар Ставрев се простува од фудбалските терени и заминува во пензија. Веќе во мак-фудбалот си ја заврши својата задача, дуелот меѓу Работнички и Пелистер му беше последен пред зимското повлекување.
Сега, Ставрев ја доби и честа од УЕФА за последниот европски натпревар во клупските натпреварувања. Македонецот и неговите соработници се делегирани за натпреварот меѓу Порто и Мидтјиланд во шестото коло на Лигата на Европа. Ставрев ќе има чест кариерата да ја заврши на култниот „Драгао“ во второто по ранг европско натпреварување.
Со Ставрев на теренот како помошници ќе истрчаат Дејан Костадинов и Гоце Петрески, а четврти судија е Игор Стојчевски. Во ВАР собата ќе работи Алеандро Ди Паоли, додека негов асистент ќе биде Даниеле Кифи.