ВЕСТИМАКЕДОНИЈАСВЕТ

Стејт департмент: САД се во редовен контакт со владини функционери за прашања од меѓусебна загриженост

САД се во редовен контакт со владини официјални лица за прашања од меѓусебна загриженост, изјавија од Стејт департментот за Гласот на Америка на македонски, на прашањата дали САД имаат информации за наводен ризик од дестабилизација во Северна Македонија, како што предупреди премиерот Христијан Мицкоски, како и дали на оваа тема разговарале со македонската влада.

Advertisements

– Додека генерално не обезбедуваме соопштенија од дипломатски состаноци, ние сме во редовен контакт со владини функционери за широк спектар на прашања од меѓусебна загриженост, одговорија од прес-службата на Стејт департментот.

Мицкоски, при посетата на Царинската управа на 15 август, рече дека високи функционери во поранешни влади се обидуваат да мобилизираат луѓе на терен и да „провоцираат етнички конфликт, односно да ја дестабилизираат меѓуетничката хармонија во Македонија“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button