СВЕТ

Стејт департментот ги повика Американците да избегнуваат патувања во Франција и Португалија

Американските власти ги повикаа своите граѓани да избегнуваат да патуваат во десетина земји, вклучително и Франција и Португалија, поради зголемениот број на новозаразени со коронавирусот во Европа.

Advertisements

Новата препорака на Стејт департментот до Американците се однесува за божиќните и новогодишните празници и за овие земји каде што нивото на предупредување за заканата од омикрон за земјата се искачи на четири, што е највисоко на скалата.

Покрај Франција и Португалија, на листата земји за кои е издадено предупредување се и Кипар, Андора, Лихтенштајн во Европа, како и Јордан и Танзанија.

Стејт департментот на списокот ги стави и Мали и островот Фиџи каде беа пријавени првите случаи на сојот Омикрон.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button