СВЕТ

Стејт департментот го спречува Бајден да ги прими пораките од странските лидери

Група пораки од странските лидери до кандидатот за претседател, Џо Бајден, кој според досегашните статистики собра најголем број електорски гласови, седат во Стејт департментот, но администрацијата на Трамп го спречува да има пристап до нив, тврдат претставници на Стејт департментот.

Иако многу земји започнаа да испраќаат пораки до САД за време на викендот, претседателот Доналд Трамп кој одбива да ја прифати победата на Бајден, спречува телеграмите да бидат пренесени до кандидатот на демократите, пишува Си-Ен-Ен.

Не само што Бајден е блокиран од Стејт департментот да прима пораки туку во вторникот државниот секретар Мајк Помпео одби да ја признае победата на Бајден, велејќи дека „ќе има непречена транзиција кон втора администрација на Трамп“.

Бајден исто така е блокиран да ги добие истите разузнавачки брифинзи како Претседателот, познат како Претседателски дневен брифинг и ако администрацијата на Трамп продолжи да ја блокира транзицијата  до денот на инаугурацијата, 20 јануари, постои загриженост околу тоа – кога администрацијата на Бајден  би можело да ја преземе функцијата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button