
Претставници на Соединетите Американски Држави (САД) и Русија ќе се сретнат утре во Истанбул, како дел од континуираните напори за нормализирање на активностите на дипломатските мисии меѓу двете земји, кои значително се намалија по руската инвазија врз Украина, соопшти доцна синоќа американскиот Стејт департмент, пренесува Би-би-си.
Разговорите ќе се одржат во рускиот конзулат во главниот град на Турција, но нема да вклучуваат никаква дискусија за политички или безбедносни прашања.