ВЕСТИЕКОНОМИЈАСВЕТ

Стивна стравот од затворање на Ормутскиот теснец, цените на нафтата на ниво од пред конфликтот

Цената на нафтата на светските берзи минатата недека се намалија за повеќе од 11%, бидејќи стивнаа стравувањата од прекин на снабдувањето со нафта од Блискиот Исток откако беше постигнат договор за примирје меѓу Израел и Иран.

Advertisements

Цената на барел на лондонската берза минатата недела потона за 12%, на 67,77 долари, додека на американскиот пазар, барелот падна за 11,3%, на 65,52 долари.

Цените на нафтата нагло паднаа на почетокот на минатата недела, кога беше постигнат договор меѓу Израел и Иран за прекин на огнот. Така, стивнаа стравувањата од прекин на испораките на нафта од Блискиот Исток и затворање на сообраќајот низ Ормутскиот теснец, низ кој дневно минуваат помеѓу 18 и 19 милиони барели сурова нафта и гориво за клиенти од целиот свет.

– Објавувањето на примирјето ја „избриша“ премијата за геополитички ризик од цените на нафтата – вели Оле Хвалбие од SEB.

Благодарение на тоа, цените на нафтата се спуштија на речиси исто ниво како и пред почетокот на израелско-иранската војна.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button