МАКЕДОНИЈА

Сто припадници на АРМ заминуваат во хуманитарна операција во Словенија

Сто припадници на Армијата на Република Северна Македонија заминуваат за учество во хуманитарна операција во Република Словенија.

Согласно одлуката на Владата, донесена на вчерашната седница се испраќаат 100 припадници на Армијата кои ќе помогнат во санирањето на последиците од поплавите кои ја погодија Република Словенија, а согласно барањето проследено од страна на NATO EADRCC, доставено од Република Словенија.

Припадниците на Армијата се испраќаат за период од триесет дена за учество во давање помош на Република Словенија.

-Република Северна Македонија, како и досега, продолжува да се става на располагање и солидарно учествува во разни хуманитарни мисии и акции во погодени подрачја од природни непогоди и катастрофи, се наведува во соопштението од Владата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button