ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Стоев: Интензивирање на дијалогот со Северна Македонија ќе биде главен приоритет

За време на презентацијата на својот тим, новиот министер за надворешни работи на Бугарија, Светлан Стоев, најави дека прв приоритет ќе биде враќање на довербата и интензивирање на билатералниот дијалог меѓу Бугарија и Република Северна Македонија.

Advertisements

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Стоев, ова е актуелно прашање за кое треба да се разговара.

– Ние сме отворени за дијалог. Она што е потребно е постојаност, конструктивен став во дијалогот и можам да кажам дека целта е да се постигнат одржливи и неповратни резултати во воспоставувањето на довербата меѓу двете земји, рече министерот Стоев.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button