
Стоилковиќ излезе во одбрана на Вучиќ. Вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците во Северна Македонија, Иван Стоилковиќ, реагираше на протестите во Србија. Според него, дел од српското население е изманипулирано со помош на меѓународниот систем, како што го нарекува, и дека сака да предизвика судири и дестабилизација во Србија, па брат да удри по свој брат. Но, според него, Србија не паднала од Марс, бидејќи има свои уставни и законски обврски да го заштити редот и безбедноста. „Секој треба да има на ум дека Србија досега не е поразена од никој и има право да се брани“, пишува Стоилковиќ, додавајќи дека целта не е да се брани Косово и да не и се помогне на Република Српска. „На крвопијците од минатото им треба дестабилизација на Србија, за полесно да се пресметаат со Република Српска, да ги протераат нашите браќа од Косово и да го вратат српскиот народ во Србија и на позициите од 1990-тите“, пишува првиот човек на Српската партија во Северна Македонија, дел од владејачката коалиција.