МАКЕДОНИЈА

Стоиљковиќ на настан против НАТО

Членството на земјата во НАТО беше оценето како најголемо достигнување во историјата на државата. Дури и ратификацијата на протоколот за членство беше спроведена во услови на пандемија. Членството следуваше по претходен обид за државен удар во април 2017 година. Со приклучувањето на земјата, најголемата политичко-воена алијанса во светот постави јасни граници во регионот меѓу воените сојузници и заканите за безбедноста, особено на Балканот. НАТО го најде својот 30-ти сојузник во Западен Балкан, обезбедувајќи недвосмислена гаранција за безбедноста на државата, особено сега кога, во срцето на Европа, Русија  напаѓа земји што не се членки на Северноатлантската алијанса. Но, дали некој можеше да замисли дека Северна Македонија, најранливата точка на Балканот и мостот што ја поврзува НАТО со Грција и Турција, ќе се најде во ваква ситуација – во која вицепремиер на земја членка на НАТО ќе учествува на настан во Белград на кој се одбележуваше „НАТО агресијата“ врз Србија?

Advertisements

Иван Стоилковиќ, вицепремиерот за односи меѓу заедниците, беше забележан рамо до рамо со Милорад Додик од Република Српска и српскиот претседател Александар Вучиќ. Неговото учество на овој настан се совпадна токму со петгодишнината од членството во НАТО,со  што, сакал или не, испрати јасен сигнал до Алијансата за тоа каде се позиционира државата.

Премиерот немаше јасен одговор зошто неговиот заменик замина во Белград.

ВЛЕН, сакајќи да избегне одговор, вели дека Косово е независна држава, чија независност ја има признаено Северна Македонија.

„Како што кажавме претходно, не можеме да го правиме (Стоилковиќ) Албанец. Официјалниот став на нашата држава е познат, и е неповратен“, рекоа од ВЛЕН.

Учеството на Стоилковиќ во Белград од ДУИ го оценија како отворена провокација против евроатлантската ориентација на земјата.

„Срамен чин и отворена провокација за евроатлантската ориентација на земјата. Владата уште еднаш го покажа своето вистинско лице, усогласувајќи се со оние кои го негираат геноцидот и се спротивставуваат на Западот“, рекоа од ДУИ.

Не е првпат Стоилковиќ да презема чекори спротивни на стратешките интереси на државата. Во мај 2023 година учествуваше на безбедносен самит во Москва, додека во јануари годинава во Скопје го покани Додик, кој во својот говор јасно ги искажа позициите против НАТО и против ЕУ, две определби за кои актуелната власт се залага дека нема друга алтернатива. Понатаму, Стоилковиќ е вицепремиер за имплементација на Охридскиот договор, пакт кој гарантираше стабилност, безбедност и еднаквост меѓу заедниците во земјата, а пред се ги зачувува темелите и границите на државата.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button