ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Стоилковски: За Груби и Ковачевски иста вредност имаат легалните градби и дивоградбите

Стоилковски: За Груби и Ковачевски иста вредност имаат легалните градби и дивоградбите

Собранието за оваа недела не предвидува продолжение на седницата на која се најде пакетот закони поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10-Д. За во среда е закажана седница за избор на работните тела во Собранието, но пратениците нема да расправаат за Законот за работни односи. Власта упорно продолжува да ги турка законските измени кон одобрување и покрај реакциите на јавноста, забелешките на претседателот Стево Пендаровски и барањата на опозицијата договорот со турско-американскиот конзорциум Бахтел и Енка да биде објавен пред законските измени. ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува Владата дека манипулира со експропријациите.

Advertisements

СДСМ обвинува дека опозицијата е под руско и кинеско влијание и затоа е против Коридорите 8 и 10-Д.

„Несовесно и скандалозно. ВМРО-ДПМНЕ е партија под заложништво на проруската Левица која ги обвинува САД и градителот на коридорот Бехтел за корупција. Изградбата на Коридорите 8 и 10-Д е најголемиот инфраструктурен проект во државата, нешто за што се зборува со децении, денес се реализира и тоа е главен интерес на граѓаните и државата“,велат од СДСМ.

Владините функционери имаа различни ставови за необјавување на договорот, додека вицепремиерот Груби изјави дека договорот е класифициран и не може да се објави, премиерот Ковачевски изјави дека договорот е полукласифициран./Алсат.мк

Адријан Керими

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button