МАКЕДОНИЈА

Стојкова: Тешко веројатно Бугарија да ја смени позицијата до јуни

Пратеничката Велика Стојкова од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, во своето вечерашно гостување во емисијата „Патот кон…“ на Алсат рече дека не очекува оти до јуни Бугарија би можела да го ослободи патот за Македонија кон ЕУ. Како што потсети таа, интелектуалната јавност во Софија веќе донесла неколку декларации во врска со зацртаните позиции на Бугарија од кои засега не се повлекува.

Advertisements

„Од она што слушаме од Бугарија, гледаме дека нивните црвени линии не се повлекуваат, дека остануваат на тој став. Многу ќе биде интересно каква ќе биде разврската, јас лично не верувам дека ќе се попушти, особено по изјавите коишто ги добиваме од мешовитата комисија за историја. Има некои црвени линии коишто треба и ние да ги почитуваме и сметам дека не смее да се прекршат“, вели Стојков

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button