
Севилја се обидува да го придобие македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски со понуда од 2 милиони евра по сезона, открива „Ел Чирингито“.
Димитриевски има договор со Рајо Валјекано до крајот на сезоната, но веќе може да преговара за својата иднина и со други клубови.
Севилја му нуди тригодишен договор и заработка од 2 милиони евра по сезона. Покрај Севилја, во опција се и Валенсија и Вилјареал, но Димитриевски посочи дека ќе разговара и со раководството на сегашниот клуб Рајо Валeјкано, со оглед дека се чувствува одлично меѓу „пчелите“.