СПОРТФУДБАЛ

ВИДЕО / Столе Димитриевски, официјално е нов голман на Валенсија

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски од денеска официјално е нов голман на Валенсија.

Шпанскиот прволигаш и поранешен шампион во Ла Лига, го претстави нашиот чувар на мрежата преку социјалните мрежи, а потоа на својата интернет страница ги објави деталите од договорот со него.

Димитриевски потпишал договор на две години и тој ќе важи до 30 јуни 2026, а во Валенсија оди по 127 одиграни натпревари во шпанската елитна дивизија, како член на Рајо Ваљекано. Официјалната презентација ќе се одржи на почетокот од подготовките за новата сезона.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button