ВЕСТИСВЕТ

Столтенберг ќе го продолжи мандатот во НАТО за една година

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг треба да го продолжи мандатот на чело на Алијансата за уште една година поради војната во Украина, објавија денеска норвешкиот медиум ТВ2 и весникот Дагенс Наерингслив повикувајќи се на неименувани извори, пренесува Ројтерс.

Advertisements

Мандатот на Столтенберг истекува на 1 октомври, со што на крајот на 2022 година требаше да ја преземе функцијата гувернер на Централната банка во неговата родна земја Норвешка.

Запрашан денеска по пристигнувањето на самитот на НАТО во Брисел дали ќе остане во НАТО, Столтенберг рече:

„Ќе оставам за тоа да одлучат 30-те лидери“, рече Столтенберг.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button