ВЕСТИРЕГИОН

Столтенберг повика на деескалација на ситуацијата меѓу Косово и Србија

Столтенберг повика на деескалација на ситуацијата меѓу Косово и Србија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг повика на деескалација на ситуацијата меѓу Косово и Србија. Тој по средбата со германскиот канцелар Шолц во Берлин побара од двете страни да престанат со какви било понатамошни ескалации и веднаш да се вратат во дијалогот за нормализација на односите со посредство на Европската унија.

Advertisements

„Разговаравме и за ситуацијата во Косово. Посветеноста на НАТО на нашиот мандат на Обединетите нации е непоколеблива. Нашите сили, КФОР, ќе продолжат да ги преземаат сите неопходни мерки за да обезбедат безбедна средина и слобода на движењето за сите заедници во Косово. Ги повикуваме сите страни да престанат со какви било понатамошни ескалации и веднаш да се вратат во дијалогот што го олеснува Европската унија“, изјави Јенс Столтенберг, генерален секретар на НАТО. /Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button