СВЕТ

Столтенберг: Путин ја загуби Украина засекогаш

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека верува оти Русија „засекогаш ја загуби Украина“ како резултат на војната и дека нема да може да ги постигне своите воени цели и покрај огромните воени напори по инвазијата во февруари минатата година.

Advertisements

„Целта на оваа инвазија беше да се спречи Украина да се движи кон НАТО и Европската Унија. Украина сега е поблиску до НАТО и Европската Унија од кога било досега. Ова е голем стратешки пораз за Русија. Претседателот Путин засекогаш ја загуби Украина“, рече Столтенберг во интервју за ДПА, мислејќи на фактот дека Русија со децении ја гледаше Украина како дел од својата сфера на влијание.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button