Стопанска комора: Новата влада да не го раскинува договорот за коридорите 8 и 10Д
Стопанска комора: Новата влада да не го раскинува договорот за коридорите 8 и 10Д

Стопанската комора ја повикува новата влада да не го раскинува договорот со Конзорциумот „Бехтел и Енка“ за изградба на КОРИДОРИТЕ 8 и 10Д. Шефот на Комората Бранко Азески, рече дека американско-турските изведувачи се најновите членови на Стопанската комора, кои во врвот на своите работни активности имаат потреба од 4.000 работници. Во врска со изјавата на кандидатот за мандатар Мицкоски, дека ќе го разгледаат договорот со „Бехтел и Енка“ Азески од Стопанската комора упати порака до него.
Завчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека во однос на договорот потпишан со „Бехтел и Енка“ има две опции: или да се раскине договорот и да се платат стотици милиони евра пенали и да останат без автопат, или втората опција е да се преиспита договорот во модалитетите за секој детаљ што претходната влада го договорила со компанијата.
Жестоки реакции стигнаа од ДУИ која беше на власт кога беше потпишан договорот. Од Европскиот фронт велат дека ниту една идна влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на КОРИДОРИТЕ 8 И 10Д./Алсат.мк
Аднан Ќаили