ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Стопанска комора: Полека излегуваме од кризата предизвикана од пандемијата

Приватните компании по година и пол стагнација најавуваат инвестиции во висина од 160 милиони евра. Според истражувањето на Стопанската комора, околу 500 компании се изјасниле дека во следните 12 месеци ќе ги реализираат најавените инвестиции само доколку нема да има влошување на состојбата со ковид. Ова би значело дека бизнисот полека излегува од кризата и почнува да закрепнува, велат од Стопанската комора.

„Тие и пред пандемијата имале некакви инвестициски планови кои што не ги реализирале. Ова претставува благ и умерен позитивизам кај компаниите дека полека излегуваме од пандемијата или минимално се нормализира активноста, а колку тие повеќе инвестираат и се трудат да извлечат максимум од нивното работење, ќе значи подобро за нив. Сепак ова е најава, но доколку не дај боже нешто се влоши, сигурно никој нема да влезе во инвестициски циклус во таков период“, рече Антонета Манова Ставревска, Стопанска Комора.

ИТ секторот, градежништвото и земјоделството се трите сектори кои се изјасниле за најмногу инвестициски циклуси. Купување нови машини и опрема, технолошка надградба и нови објекти се најбројните инвестиции. Покрај кризата со пандемијата, како пречки за реализација на инвестициите компаниите ги посочуваат децениските проблеми со парафискалните давачки, даноците, инфраструктурата како и недостиг од работна сила.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button